20 Април, 2024
0.0279

SHARK WEEK: Плива ли Фелпс побрзо од големата бела ајкула?

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Неделата на ајкулите (Shark Week), најочекуваниот телевизиски настан на летото, се враќа на Дискавери од понеделник 24 јули. Морските ајкули се главни ѕвезди на летната програма на Дискавери веќе 29 години по ред, а овој пат им се придружува и Мајкл Фелпс, освојувач на најголемиот број олимписки медали во историјата. Фелпс ќе се запознае со ајкулите и ќе научи многу за овие животни, меѓу другото и како да нурка со нив. Не очекува и одмерување на силите во филмот „Фелпс против ајкула“, во кој пливачот со помош на најмодерната технологија ќе види дали може да плива брзо како големата бела ајкула. Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме во недела на 30 јули.

Неделата на морските ајкулисекој ден ни донесува нови интересни приказни за морските ајкули снимени со помош на иновативна технологија која ќе ни овозможи увид на уникатните видови на ајкули. Ова е прва година во историјата на франшизата кога „Неделата на ајкулите“ ќе биде ускладени низ целиот свет, односно ќе се емитира во текот на една недела на Дискавери каналот во сите 220 земји и територии низ светот.

Распоред на програмата за „Шарк Вик“ 2017:

ЗА АЈКУЛИТЕ СО МАЈКАЛ ФЕЛПС – понеделник, 24 јули 23:00 часот

Мајкл Фелпс со Док Грубер и Тристан Гутреџ од лабораторијата Бимини ќе помине брзински натпревар со ајкулите: од разоткривање на митовите околу нив до тоа да научи како да нурка со нив. Мајкл ќе научи како да остане смирен додека ајкула чекан му плива на 60цм од лицето, а сѐ тоа за одблизу да ја посведочи и неверојатната моќ на големата бела ајкула.

Продукција: Peacock Productions.

АЈКУЛИТЕ ПРОТИВ КРОКОДИЛИТЕ- вторник, 25 јули 23:00 часот

Докторот Марк Мекан и конзерваторот Пол де Гелдер ја посетуваат плажата со најголем број ајкули во светот во северниот дел на Австралија во дивината на Кобуршкиот полуостров. Задачата на Мекан е да ги избројат ајкулите и нивните видови во склоп на „Вулкан Глобал ФинПринт“ проектот, додека Пол де Гелдер оди да ги истражува приказните за крокодилите и ајкулите кои се борат за истиот плен- морските желки. Што ќе се случи кога 4 метри долг крокодил ќе се најде во водите кои се окупирани со ајкули? Токму тоа Марк и Пол сакаат да го откријат.


Продукција Big Wave.

АЈКУЛИТЕ И ГРАДОТ: ЛОС АНЏЕЛЕС- среда, 26 јули во 23:00 часот

На брегот на Лос Анџелес има бели ајкули повеќе од било кога претходно, а изгледа дека ловат и вон сезона. Доктор Крис Лов, директор на ЦСУЛБ Шарк Лаб, сака да знае зошто бројот им се зголемува. Неговата истрага ги води на Гвадалупе, остров близу Мексико, каде ќе ги пронајде одговорите на своите прашања.

Продукција Arrow Media.

ГОЛЕМИОТ БЕЛ СЕРИСКИ УБИЕЦ- четврток, 27 јули во 23 часот

Секоја втора година во октомври- 2008, 2010, 2012 и 2014- една осамена плажа на калифорнискиот брег беше место на ужасни напади на големата бела ајкула. Дали е во прашање една ајкула која постојано се враќа и дали имало напад и во октомври во 2016?


Доктор Мајкл Домејер верува дека нападите на сурферската плажа не се случајност. Со помош на експерти за ајкули, Ралф Колиер и Кал Лутеран, и со помош на сателитските ознаки и ДНК технологијата, Доктор Мајкл сака да дознае за која ајкула точно станува збор.

Продукција Shark Entertainment.

МОРСКАТА АЈКУЛА ЧЕКАН: УБИСТВЕН АПЕТИТ- петок, 28 јули во 23:00 часот

На почетокот на ноември, големи морски чекан ајкули доаѓаат до Бимини (Бахами). За да откријат зошто, експертот Тристан Гатриџ ги следи овие осамени грабливци. Со ултразвук кај женките е утврдено дека очекуваат младенчиња. Гатриџ верува дека зимата ја поминуваат до Бимини за да осигураат доволно храна за младенчињата кои во нив се развиваат, а потоа се селат на брегот на Флорида во потрага по нов плен. Доказите се непогрешливи.


Продукција Icon Films.

АФРИКАНСКО САФАРИ СО АЈКУЛИТЕ- сабота, 29 јули во 23:00 часот

Мадагаскар не е познат како локација за големите бели ајкули, а сѐ тоа според податоците со кои располагаат експертите дека големата бела ајкула и „тигрестата“ ајкула се изумрени од водите на Мадагаскар. Зошто тогаш една ајкула која е означена во Јужна Африка патувала 2400 километри од африканскиот брег до Мадагаскар? За тоа да го истражи, Крег О’Конол заедно со својот тим патува на тој далечен остров за да истражи дали Мадагаскар е нова локација на големите бели ајкули.

Продукција Arrow Media.

ФЕЛПС ПРОТИВ АЈКУЛА- НЕДЕЛА, 30 јули во 23:00 часот

Ајкулите се едни од најбрзите и најефикасни грабливци на планетата. Видете што ќе се случи кога Мајкл Фелпс, најуспешниот светски пливач со дури 39 светски рекорди и 23 олимписки медали, ќе открие дали може да плива побрзо од неговиот најголем соперник до сега? Големиот пливач се споредува со најуспешниот предатор во океанот. Фелпс против ајкула. Трката започнува!


Sharkopedia.com и понатаму останува најдобра онлајн дестинација за сите информации за ајкулите. Sharkopedia и оваа година е проширена со нови материјали, вклучително и зачудувачки фотографии, видео содржини, интервјуа со експерти и интерактивни искуства.

Oceana и Discovery повторно се здружуваат за спас на ајкулите. Во соработка со другите големи брендови, целта е да се соберат доволно средства за проектот Oceana, активација на обележувањето на ајкулите и развој на содржина за едукација на луѓето околу важноста на ајкулите во нашиот екосистем.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!