Шарли Ебдо ги нацрта Путин и Макрон - едниот од нив е кученце
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2017
Сатиричниот француски весник Шарли Ебдо објави карикатура од средбата на рускиот претседател, Владимир Путин и неговиот француски колега, Емануел Макрон, кого го прикажа како мало и луто кученце.
Разговорот меѓу двајцата лидери се одржа во понеделникот во Версај во Париз.
На насловната страница со насловот „Макрон го прими Путин“, на најновиот број на весникот, прикажан е формално облечениот руски претседател, чија рака ја гризе кученце со главата на Макрон.
„На место!“, му вика Путин на црвеноокото суштество.
Шарли Ебдо редовно објавува провокативни карикатури врзани за европските и светски лидери. Не беше поштедена и германската канцеларка, Ангела Меркел.