19 Април, 2024
0.0242

Шеф ги почастил вработените на одмор во елитно шпанско летувалиште

Објавено во: Стил 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Иан Лукас, сопственик на британската туристичка агенција „Red Seven“ ги однел сите свои 42 вработени, на викенд за паметење.

На работниците им платил тридневен престој во едно од најлуксузните одморалишта во Шпанија, Марбелиja, а освен полн пансион им платил забави, шампањ и излети.

Неговата фирма оваа година го одбележала 20-тиот роденден и одлучил тоа да го прослави на најдобар начин, пишува британскиот Solent News.


„Можеби тие повеќе ќе им се израдуваа на парите, но сакав сите заедно да го славиме успехот на нашата фирма. Дваесет години работа е зад нас, а резултатот е фантастичен. Некои од работниците со нас се 20 години, на нив посебно им благодарам за се“, рекол великодушниот 48-годишен шеф.

Нешто слично направил и пред 10 години, кога имало 33 вработени-ги качил на авион за Бенидорм, на источниот брег на Шпанија, на продолжен викенд со доста сонце, море и сангрии.

Вработените веќе планираат како ќе изгледа 50-от роденден, а на шефот му рекле дека сакаат да одат во Лас Вегас.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре