25 Април, 2024
0.0348

Шефот може да ја убие креативноста на вработените преку овие 2 грешки

Објавено во: Финансии 02 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Дури и на најдобрите лидери им се случува да си дозволат грешки кои можат да поставуваат рамки на креативноста на вработените . Ова важи во најголема сила, кога станува збор за креативна работа, бидејќи тоа бара огромна доза взаемна доверба и способност да ризикувате, пишува Inc.com.

Колку подобар сте во насочувањето на вашиот тим во вистинската насока, толку слободни ќе бидат вработените да ги презентираат своите најдобри идеи и предлози. Ова се два од најчестите начини на кои лидерите несвесно ја уништуваат креативноста на својот тим.

1. Не може да се препознае и дефинира вистинскиот проблем

Повеќето организациски активности се поделени на проекти и задачи, што од своја страна ја олеснува нивната организација и вложувањето на одделни вработени. Творечката работа сепак не се поврзува со проекти, кои треба да бидат завршени во даден период, а со проблеми кои треба да се решат.

Во многу случаи проблемите кои стојат во основата на даден проект, не се јасно дефинирани и утврдени, а тоа значи дека членовите на тимот треба сами да разберат што всушност се бара од нив. Оттука доаѓаат и различните толкувања на проблемите кои доведуваат до недоразбирања и неорганизираност во тимот. Колку поголеми се разликите во разбирањата, толку широк станува јазот меѓу она што вработените мислат дека го прават и она што всушност го прават.

Големите лидери не доделуваат задачи и проекти, тие дефинираат и посочуваат проблеми на кои треба да биде најдено решение. Ова им овозможува слобода во начинот на кој тимот ќе пристапи кон работата и гарантира дека вработените ќе знаат каков точно е резултатот кој компанијата или клиентот го очекува од нив.

2. Се загалаат само за групната работа

Нема ништо попродуктивно од една бреинсторминг сесија, нели? Не  е точно. Всушност за многу луѓе постојаната тимска работа е професионално проклетство. Некои вработени преферираат да го користат стандардниот канал за комуникација отколку да присуствуваат на уште неплодотворна групна дискусија.

Овие луѓе не можат да го достигнат својот целосен потенцијал во групна средина. Тие се поефикасни и креативни кога работат во свое темпо. Во многу случаи тие изгледаат незаинтересирани и необврзувачка за време на состанокот, но тоа не е така. Едноставно имаат потреба од повеќе време за да се осврнат на предлозите и да претстават подобро формулирана идеја.

Обидете се да им дадете на вработените претходни насоки и точки за дискусија за кои да размислат пред самата средба. Така луѓето ќе имаат време и слобода да изградат сопствено мислење и идеи по прашањето, без да бидат подложени на притисок на групната средина. Потоа тие ќе можат да ги споделат своите ставови со сите други и ќе ја изберат најдобрата понуда.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо