Шеикот на Катар се пишмани-нема да го купи грчкиот остров
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2013
Продажбата на грчкиот приватен остров Оксија на семејството на шеикот на Катар не успеа, пишува електронското издание на весникот „Та неа“.
Островот се наоѓа во Јонското Море, во близина до Итака и е со плоштина од 4.500 декари. Во текот на пролетта минатата година беа објавени написи, според кои зделката е близу до склучување.
Катарците претходно оваа недела се поврзале со градоначалникот на островот Итака Јанис Касианос и му соопштиле дека ја повлекуваат зделката.
- Зборував со соработник на емирот, кој ми кажа дека повеќе не е заинтересиран за Оксија и покрај тоа што претходно дадоа аванс не само за тој остров, туку и за други во регинот, изјави Касианос.