Шешељ: Очекувам вооружен напад врз Србите на северот на Косово
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2017
Војислав Шешељ ја вознемири српската јавност откако на прес конференција посочи дека има информации за подготовка на вооружени напади врз Србите кои живеат во четири општини на северот на Косово за време на посетата на генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг.
Токму затоа Шешељ побара од Србија да го заштити својот народ, но вели дека не се обидува да предизвика конфликт.
„Нашата цел е да се избегнат оружени инциденти, но ако тие се случат, државата мора да реагира“, изјави Шешељ.
Шешељ истакна и дека Србите, правејќи им големи отстапки на Албанците, самите се ослабеле, но дека во овој случај Србите од Косово мора да бидат спремни на „ненадеен оружен напад“, а дека Србија мора да направи сѐ во нејзина моќ за да ги заштити.