Шест бизниси кои можете да ги почнете со малку пари
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017
Ако вашата новогодишна одлука е да почнете сопствен бизнис, тогаш ви нудиме идеи за бизнис за кои не ви требаат многу пари.
Многу од луѓето се откажуваат кога ќе сфатат дека немаат доволно пари.
И во тој случај има можности како кредити, позајмици или партнерство.
Но, ако не сакате долгови, има листа на бизниси кои се почнуваат со малку пари.
Освен пари, потребен ви е финансиски план, дозвола зависно од тоа што ќе основате, онлајн промоција, веб сајт, маркетинг, опрема, производ.
Бизнис кој можете да го почнете:
продавање на креации
помош во домаќинство (чување деца, чистење снег или нешто друго ќе значи дека не ви е потребна канцеларија)
поправка - ако знаете да поправате апарати, тоа треба да го искористите и во овој случај нема да ви треба канцеларија
консултирање - ако имате знаење во некоја бранша искористете го
препродажба - ова е едноставно, ќе купите производи и ќе ги продадете
микропретприемништво - може да изнајмувате имот преку Airbnb и да заработите со она што го имате