20 Април, 2024
0.0277

Шест општини влегоа во програмата на УНДП за зајакнување на локалната демократија

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамки на програмата за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) потпиша меморандум за соработка со шест општини, Валандово, Велес, Охрид, Свети Николе, Струмица и Чаир. Советници од шесте избрани општини ќе добијат обука и поддршка со цел да овозможат буџетите на општината да се планираат и трошат во насока на очекувањата на жителите, а за таа цел ќе добијат и грантови во висина од 50.000 швајцарски франци.


„Традиционално, овде, градоначалникот е лицето на локалната демократија“, рече Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Наша цел е да им помогнеме на општинските совети да станат посилен партнер, да осигураат секој денар од локалниот буџет да биде потрошен на вистинските потреби на жителите на општината. Ова е суштината на Целите за одржлив развој, кои не обврзуваат да градиме ефикасни, одговорни институции на сите нивоа“.

„Швајцарија е многу задоволна од партнерството со УНДП во остварувањето на потребите за развој и зајакнување на општинските совети, како и обезбедување соодветна обука, можности за соработка и професионална размена, на национално и меѓународно ниво“, изјави амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада.

„Oвој проектќе придонесе кон промена на начинот на работење на општините. Преку зајакнување на комуникацијата меѓу членовите на советот и граѓаните, потребите и проблемите во општината ќе бидат појасни и повидливи. Ова значително ќе придонесе во подобрување на работата и навремено и соодветно решавање на проблемите “, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.


„Овој проект е значаен затоа што за прв пат е посветено внимание на советите на општините, органи кои имаат исклучителна улога како контролен механизам на работата на градоначалниците, но и за развој на демократијата преку претставување на граѓанските интереси. Локалната демократија е услов за градење демократско општество“, изјави Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа.

Првите шест општини се избрани во подготвителната фаза на проектот во 2016 и 2017 година. При изборот се запазени неколку критериуми, да има урбани и рурални општини, мали и големи, такви што немаат финансиски проблеми и такви што имаат финансиски тешкотии. Преку серија повици, во 2019 и 2020 година ќе бидат избрани уште 18 општини кои ќе влезат во оваа програма.

Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементирана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството во финансии, Здружението на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и сестринската агенција UN Women. 

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!