28 Март, 2024
0.0334

Шест важни здравствени придобивки од свежото млеко

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Млекото е важен дел од нашата исхрана. Почнуваме да го пиеме уште како деца, а потоа го консумираме и како возрасни. Некои луѓе го избегнуваат млекото бидејќи се плашат дека тоа е премногу масно за нивната здрава исхрана, други бидејќи мислат дека веќе се доволно стари за да пијат напивка што ја пиеле како деца, трети, пак, зашто од него, едноставно, повеќе немаат здравствени придобивки. Сепак, научниците и експертите откриваат дека никогаш не сме престари за да уживаме во придобивките од пиењето млеко, особено свежо млеко, кое е вистински тренд во светот. Свежото млеко кое, за разлика од минатото, нема веќе потреба да го вариме, има голем број хранливи материи и е одличен извор на витамини и протеини, а, секако, тука се и големите здравствени бенефити за човекот, како еластична и здрава кожа, здрави коски и заби, цврсти мускули, намален стрес и поздраво тело и организам.

  1. Блескава кожа

Клеопатра се капела со млеко со цел нејзината кожа да остане еластична, мека и да сјае. Истото можеме да го постигнеме и со пиење по неколку чаши на ден свежо млеко. Свежото млеко има одредени хранливи вредности кои ѝ помагаат на кожата да сјае и да се одржува здраво, а некои аминокиселини што ги има во млекото овозможуваат хидратација на кожата.

  1. Здрави коски и заби

Свежото млеко е одличен извор на калциум, кој е од суштинско значење за да имаме здрави коски. Ова значи дека немаат само децата потреба од свежо млеко додека нивните коски се развиваат, туку и возрасните, кои треба да ги одржуваат коските здрави и цврсти со цел да спречат остеопороза. Свежото млеко исто така е добро за здравјето на забите, го спречува нивното расипување и создавањето кариес. Со цел калциумот да биде апсорбиран во телото, потребно е присуство на витаминот Де. Доколку имаме недостиг на витамин Де, треба да пиеме свежо млеко кое освен што содржи калциум, богато е и со витамин Де.

  1. Мускули

Свежото млеко содржи протеини што помагаат во изградбата на мускулите. Чашка свежо млеко по вежбање му овозможува побрзо закрепнување на телото, а притоа спречува и дехидратација по губењето течности за време на физичката активност.

  1. Губење на тежината

Последните студии откриваат дека жените кои пијат исклучиво свежо млеко остануваат повеќе време сити и не „грицкаат“ во текот на денот. Чашка свежо млеко за време на паузата со парче овошје е совршена ужина наместо некои нездрави грицки.

  1. Помалку стрес

Чашка топло свежо млеко за крај на денот ни помага да ги релаксираме мускулите и нервите. Докажано е дека свежото млеко ги намалува симптомите на ПМС-от, но и ни дава енергија. Чаша млеко пред спиење е одличен избор кој овозможува добар сон поради тоа што млекото содржи триптофан – аминокиселина која го поттикнува сонот.

  1. Здраво тело

Свежото млеко го намалува високиот крвен притисок и ризикот од удар. Тоа го намалува производството на холестерол во црниот дроб, а може да дејствува и како антацид. Витамините А и Бе коишто ги има во свежото млеко може да помогнат во одржувањето добар вид и воопшто во одржување на добрата состојба на организмот.

„Бимилк“ во својата богата палета млечни производи го има и Битолското свежо млеко со 3,2% млечна маст. Добиено од најдобрите фарми во Македонија, висококвалитетното Битолско свежо млеко нема потреба да се вари. Освен сите нутриционистички предности кои ги нуди трајното млеко, свежото битолско млеко е хранливо, вкусно и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА