29 Март, 2024
0.0267

Шилегов најави нови фасади, покриви, пристапни рампи и тоалети со двојниот буџет за образование во 2018 за средните училишта

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Градоначалникот Петре Шилегов денеска на прес-конференција за новинарите  информираше дека Градот Скопје, во соработка со средните училишта што се поднегова ингеренција, започнува голем инвестициски проект за реконструкција на фасадите и на инфраструктурата во објектите.

-  Со реконструкцијата на фасадите ќе ги опфатиме сите  средни училишта коишто имаат потреба од тоа. Со ова училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Покрај реконструкција на фасадите предвидена е  реконструкција на покривите и на надворешната столарија, таму каде што е потребно. Висината на средствата за оваа намена, предвидени во буџетот на Град Скопје изнесува 70 милиони  денари. Овие средства  ги обезбедивме со пренамена на средствата што беа предвидени за Скопје 2014 - истакна градоначалникот Шилегов.

Годинешниов буџет на Град Скопје за образование е двојно зголемен во  споредба со лани, односно од 81,2 милиони денари на 163,2 милиони денари.

Градоначалникот Шилегов, исто така, кажа дека предвидени се уште 20 милиони денари, средства со кои ќе се изврши  доопремување на училиштата и ќе се уреди внатрешната инфраструктура согласно со приоритетите на секое од училиштата.

-  Во рамките на овие реконструктивните активности се зема предвид и адаптацијата на просторот за пристапност на учениците со физичка попреченост. Тоа значи дека ќе се  изградат  надворешни и внатрешни рампи во училиштата каде што тие недостигаат, а исто така ќе се адаптираат и тоалетите во сите средни училишта на  Градот Скопје – рече Шилегов на прес- конференцијата.

Градоначалникот потенцираше дека со овие активности се обезбедува еднаков пристап за сите, а  учениците со физичка попреченост ќе добијат пристап до секое средно училиште на Градот Скопје.

-  Скопје го правиме енергетски ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите. Нашите деца заслужуваат да учат во подобри услови. Планираме тие услови да ги добијат со почетокот на новата учебна година - изјави Шилегов на крајот од своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите