Шилегов: Наместо Новогодишна прослава на плоштад парите да се донираат
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017
Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, на денешната седница на Советот на град Скопје, побара да не се организира скапа централна Новогодишна прослава на плоштадот Македонија и наместо тоа предвидените средства да се донираат.
Шилегов на седница на Совет на г скопје најави дека нема новогодишна прослава на плоштад. Тој ги повика спонзорите на прославата исто така да ги донираат средствата на детската клиника за белодробни заболувања.
Ваквиот предлог беше поздравен од мнозинството на советници во град Скопје. Исто така седницата беше предвидена за разгледување на итните мерки за справување со загадувањето во Скопје што ќе се преземат во наредниот период.