25 Април, 2024
0.0288

Шилегов: Споменикот на УЧК е работа на Општина Чаир, Град Скопје во таа постапка нема правен допир

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во интервју за „360 Степени“,  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов , зборуваше за отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето. Тој исто така истакна дека нема да го урива споменикот на УЧК во Чаир, бидејќи Градот Скопје нема надлежност во случајот.

На интервјуто новинарот му го постави и прашањето кое му беше упатено  од ТМРО:  „ТМРО Ве праша дали ќе го тргнете и споменикот на УЧК во општина Чаир за кои тие тврдат дека е нелегално, незаконски поставен“.


„Оној истиот каде што тие асистираа да биде поставен, така? ТМРО и ВМРО тогаш беа коалициони партнери, да не се лажеме, и јавноста добро го знае сценариото. Градот Скопје лично во таа постапка нема правен допир. Ниту се појавува како инвеститор, ниту како поставувач и затоа не можете да извлечете паралела помеѓу постапувањата на градот во уривањето на дивоградбата наречена Ќосето и споменикот во Чаир на УЧК. Тоа е работа на општинските органи на Општина Чаир, не е ингеренција на градот и на Министерството за транспорт и врски. Очигледно е дека повторно станува збор за евтин популизам и примитивизам во политиката за популистички цели, за да се изедначи една легална, законска постапка, со нешто што треба да даде слика на еднаквост“ – одговори  Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот