Шкотскиот парламент гласа за одржување референдум за независност
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Шкотскиот парламент денеска ќе гласа за спроведување на нов референдум за независност на земјата од Велика Британија.
Се очекува првиот министер на Шкотска Никола Страџен да побара од пратениците мандат за организирање на планираниот референдум. Најверојатно тие ќе ги поддржат нејзините барања.
Претходно Владата на Шкотска одлучи анкетата за независност да се одржи во периодот меѓу есента 2018 година и пролетта 2019 година.
Според министерот за Шкотска Brexit е неизбежен, но Шкотланѓаните се уште имаат право на избор. Страџен изрази надеж дека нејзините сонародници ќе гласаат за независност.
Во меѓувреме, премиерот на Велика Британија Тереза Меј ја повика Шкотска да се откаже од плановите за независност. Таа изјави дека не се согласува да се одржи референдум пред излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Според неа сега не е време за одржување референдум.
Потсетуваме дека во јуни минатата година и Северна Ирска и Шкотска гласаа за останување во Европската унија на референдумот за Brexit.