Шојбле: Да се запре со вбризгување пари во светската економија!
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2013
Ако водечките светските економии продолжат со вбризгување пари во глобалната економија можна е нова глобална финансиска криза, предупреди денеска Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле
„Нема да бидеме во можност да ја избегнеме следната економска криза доколку се продолжи со вбризгување пари во економиите“, изјави Шојбле, алудирајќи на Јапонија и САД според германските медиуми.
Шојбле претходно нагласи дека истиот став ќе го изнесе и пред американските колеги на средбата на министрите за финансии од Г-20, која неделава се одржува во Моксва.