19 Март, 2024
0.0362

ШОК ПРИЗНАНИЕ: Нутела и прашокот не се исти за сите

Објавено во: Свет 27 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЕК Жан Клон Јункер признал после средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо дека навистина има проблем со двојните аршини за намирници и стока.

Јункер оценил дека тој проблем не е безначаен и дека таа пракса на различен состав е неприфатлива, но рекол дека верува оти нема да биде потребно поради тоа да се воведуваат нови европски закони.

„ЕК смета дека проблемот на различни производи со исто име не е безначаен, ќе му посвети целосно внимание“, рекол Јункер на заедничката конференција за новинари со Фицо, јави словачката ТВ ТА3.

Таа пракса да, на пример во сувомесните преработки за новите Евројанци има помалку месо и повеќе адитиви иако цената е речиси иста, а некогаш на Западот и помала, или прашокот за перење подобро пере во западна Европа отколку на исток, за Европската комисија е неприфатлива, но според зборовите на Јункер, засега не се потребни за тоа посебни нови прописи, иако во иднина не ги исклучува.

Словачкиот премиер Фицо на состанокот во Брисел дошол како емисар на целата Вишеградска четворка која во последните години се погласно бара тие земји да престанат да бидат канта за ѓубре на Европа, и Чесите, Полјаците, Словаците и Унгарците да имаат целосно право под исто име да добиваат производи од ист состав и квалитет.

„За мене е најважно ЕК што го призна проблемот и дека ќе дејствува да се реши. Нема врска како ќе го решава. Сеедно ми е дали мачката е црна или бела, главно е да лови глувци“, рекол Фицо.

Премиерот на Словачка одбил повторно дека се работи за смешен проблем и изразил надеж дека таквата пракса која ги претвора Словаците во Европејци од понисок ред постепено ќе исчезне.

Чешката еврокомесарка Јоурова, која исто така активно води борба да произвдоите во Европа бидат сите со ист квалитет, предупредила, меѓутоа, претходно дека сега веќе членките имаат национални контролни механизми со кои би можеле во голема мерка таквата пракса на двојни аршини да ја сузбијат.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД 10 ГОДИНИ СЕ СПАКУВАА И ЗАМИНАА ВО НОРВЕШКА ПО ПОДОБАР ЖИВОТ, НО ДАЛИ ГО НАЈДОА? Еве што велат двајца црногорски инженери за животот во Скандинавија

ПРЕД 10 ГОДИНИ СЕ СПАКУВАА И ЗАМИНАА ВО НОРВЕШКА ПО ПОДОБАР ЖИВОТ, НО ДАЛИ ГО НАЈДОА? Еве што велат двајца црногорски инженери за животот во Скандинавија

ОБЈАВЕНА ШОКАНТНА ЛИСТА НА ВОДЕЧКИ ЛИДЕРИ ВО 21 ВЕК: Само Путин е Путин

ОБЈАВЕНА ШОКАНТНА ЛИСТА НА ВОДЕЧКИ ЛИДЕРИ ВО 21 ВЕК: Само Путин е Путин

„ИЛИ ЧАРЛС Е МРТОВ, ИЛИ КЕЈТ“: Наголемо се нижат шпекулации и теории на заговор, а „Би-Би-Си“ долеа масло на огнот

„ИЛИ ЧАРЛС Е МРТОВ, ИЛИ КЕЈТ“: Наголемо се нижат шпекулации и теории на заговор, а „Би-Би-Си“ долеа масло на огнот

УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА БАНКРОТИ ВО ГЕРМАНИЈА, НИТУ СВЕТСКИ ГИГАНТ НЕ УСПЕА ДА ГИ СПАСИ: Еве сега која компанија ги затвора вратите по 38 години

УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА БАНКРОТИ ВО ГЕРМАНИЈА, НИТУ СВЕТСКИ ГИГАНТ НЕ УСПЕА ДА ГИ СПАСИ: Еве сега која компанија ги затвора вратите по 38 години

ПОСКАПУВААТ НЕДВИЖНИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Најбарани се имотите во Истанбул, Анкара и Измир

ПОСКАПУВААТ НЕДВИЖНИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Најбарани се имотите во Истанбул, Анкара и Измир

ХОДОРКОВСКИ ДО ЗАПАДОТ: Не ја признавајте победата на Путин

ХОДОРКОВСКИ ДО ЗАПАДОТ: Не ја признавајте победата на Путин

НАЈКРАТКАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ: Потребни се само три чекори за да ја поминете

НАЈКРАТКАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ: Потребни се само три чекори за да ја поминете

ЦРН БИЛАНС: Колку деца загинаа досега во Газа?

ЦРН БИЛАНС: Колку деца загинаа досега во Газа?

НЕ САКААТ ДА ЗАЗЕМАТ ТЕРИТОРИЈА: Руските партизани сакаат да го посрамотат Путин

НЕ САКААТ ДА ЗАЗЕМАТ ТЕРИТОРИЈА: Руските партизани сакаат да го посрамотат Путин