Шокантно откритие - Деца бегалци работат во конфекции во Турција
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016
Истражители на „Панорама“ откриле дека десетина деца бегалци од Сирија работат во конфекции во Турција каде се изработуваат алишта за познати британски модни брендови, а добиваат дневница која е двојно помала од минималната.
Деца на возраст од 14 до 17 години се ангажираат преку посредници кои добиваат процент, а потоа на црно им ги исплаќаат парите на рака. Во конфекциските фабрики има ангажирано и голем број на полнолетни бегалци, но добар дел од нив не се пријавени и работат за многу ниски плати и тоа по 12 часа без прекин.
Оваа истрага ги опфати капацитетите на брендот Marks and Spencer кои најавија дека со своите добавувачи ќе спроведат внатрешна контрола за да утврдат дали обвинувањата се точни и велат се против ангажирањето на детски труд.