Шокантно видео: Бомбаш самоубиец се разнесе пред курдските борци во Мосул
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2016
Големата коалиција на воени сили на ирачката влада, специјалци на САД, како и курдските борци на Пешмерга ја започнаа големата офанзива ја освојување на Мосул, клучниот ирачки град во кој целосно контрола има Исламска држава повеќе од две години.
Во еден од нападите снимено е шокантно видео од бомбаш самоубиец кој се протна меѓу редовите на курдските бунтовници и се разнесе со возило кое удри во противничката артилерија.
Засега не се соопштуваат официјални информации за жртви на двете страни, а конфликтот се засилува.