Добивај вести на Viber
Илјадници Шпанци протестираат во центарот на Мдрид, Барселона и уште 50 други градови низ државата, барајќи нов закон со кој ќе се спречи иселување на задолжените сопственици на станови и куќи поради економската криза.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, вакви слични протести се случуваат речиси неколку месеци против ефектите од рецесијата и строгите мерки за штедење воведени од страна на премиерот Маријано Рахој.
Шпанските законодавците во вторникот се согласија да се отвори дебата за иницијативата на јавноста против иселувањето
Движењето наречено “Платформа на жртви на иселувањето” има собрано 1,4 милиони потписи, речиси три пати повеќе од 500 илјади колку што се потребни во Шпанија за иницијатива за менување на закон.