20 Април, 2024
0.0269

Шпаркасе Банка Македонија со донација за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид!

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност “Sparkasse Life”, Шпаркасе Банка Македонија реализираше донација кон Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид во вкупен износ од 378.780,00 денари за набавка на потребната медицинска опрема за физикална терапија. Преку реализација на донации Банката активно ги поддржува проектите од областа на здравството, со цел да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата.

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија се третираат специјални видови заболувања, за кои е потребно континуирано подобрување на медицинската опрема со цел да се овозможи правилно и ефикасно дијагностицирање, како и овозможување современи   третмани за физикална терапија. Донацијата беше реализирана со директна уплата на сметката на добавувачот на медицинската опрема „УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ“ од Скопје, кои се приклучија во оваа донација преку обезбедување соодветни и поволни услови за набавка на потребната опрема и вршење на инсталација.

 

„Преку промовирање на платформата „Sparkasse Life“ Шпаркасе Банка Македонијаконтинуирано ја надоградува својата стратегија за општествена одговорност со нови проекти преку кои ги покажува заложбите за подигање на свеста за водење здрав живот и создавање здрави навики. Еден сегмент од оваа стратегија е и поддршката и развојот на здравствените установи кои претставуваат општествено добро на ниво на целата држава. Преку донација кон Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ја искажуваме нашата поддршка за подобрување на условите во здравството и овозможување третман на пациентите според најсовремени методи на лекување. “ – изјави г-ѓа Елена Богданова, претставник од менаџерскиот тим на Шпаркасе Банка Македонија.

  „Покрај банкарските понуди и услуги што се дел од нашата секојдневна комуникација со националните установи и институции, ние ги следиме потребите и барањата што имаат за цел подобрување и развој на општествените и здравствените услови, на локално и на регионално ниво.“ – се надоврза г. Зоран Дичевски, регионален директор на мрежата Западен регион во Шпаркасе Банка Македонија.

Поради отсуство на инвестициски фонд за перманентно финансирање на здравствените установи во делот на обнова и замена на стара амортизирана медицинска и друга опрема, Шпаркасе Банка Македонија преку реализација на оваа донација придонесе да се набави потребната опрема со која ќе може да се применуваат нови современи методи за дијагностицирање и лекување.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!