28 Март, 2024
0.1646

Штедачи од „Тат“ на протест пред Основен Суд-Битола

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Здружението на необесштетени штедачи на пропаднатата штедилница „Тат“ денеска пред Основен Суд-Битола одржаа мирен протест, кој, како што истакнаа, бил насочен кон Основен Суд Скопје-2 и Апелационен суд во Скопје.

Според претседателот на тоа здружение Пеце Гогучевски, судот донел формална одлука за нивното тужбено барање од пред седум години, без суштинско навлегување во тужбата, односно одлука дека здружението нема право да поднесува тужба.

- Ако судот донесеше суштинска пресуда, таа ќе беше позитивна и судскиот спор што го водиме седум години ќе беше завршен. Веруваме дека Судот ќе ја исправи грешката и ќе донесе праведна пресуда за да не бараме меѓународна правда. Како легитимно здружение што се бори за остварување на своите права и сакаме да ги оствариме пред судските органи во државата, а доколку има потреба и надвор од неа односно во Стразбур, посочи Гугучевски.

На денешната средба со новинарите беше истакнато дека Здружението на необесштетени штедачи на штедилницата „Тат“-Битола има 1.100 штедачи на кои не им се вратени околу 15 милиони евра. Штедилницата пропадна во 1997 година.

- Иако пропаѓањето на штедилницата беше во времето на СДСМ, ние не сакаме да дејствуваме политички, ниту да се здружуваме врз основа на нечии ветувања. Подготвени сме да ја повлечеме тужбата и вонсудски да се договориме, истакна претседателот на Здружението на необесштетени штедачи на „Тат“-Битола, Гугучевски.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка