25 Април, 2024
0.0499

Штедилниците полесно ќе стануваат банки!

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Измените на Законот за банки, кои веќе се доставени до пратениците во Собранието им овозможуваат на домашните банки да можат и прекугранично да даваат финансиски услуги, со земјите од Европската Унија. Тоа значи дека нема да има ограничувања за граѓаните кои сакаат да земаат кредити и да штедат во европските банки. Но оваа практика ќе важи откога земјава ќе стане членка на ЕУ. Процедурата предвидува домашна банка која има намера директно да врши финансиски активности во земја- членка на ЕУ, претходно да ја извести Народната банка. Банката е должна и да достави листа на финансиски активности кои има намера да ги врши и бизнис план за првите три финансиски години. Останатите измени на Законот за банки ќе бидат применливи веднаш по неговото усвојување, а предвидуваат и олеснителна процедура за штедилниците кои сакаат да се преобразат во банки. „На големите штедилници кои располагаат со капитал значително над минимумот предвиден за штедилници ќе им се олесни трансформацијата во банка, без спроведување на стечај или ликвидација и ќе им се овозможи да вршат активности својствени за банка. Истовремено, на помалите штедилници кои прибираат депозити заради законската обврска, ќе им се овозможи да се трансформираат во финансиски друштва и да работат со сопствениот капитал под значително полиберални стандарди“, стои во измените на Законот за банки. Најновата регулатива забранува почетниот капитал на домашните банки да се намалува со враќање на уплатените влогови на акционерите. Останатите измени ги дефинираат и условите под кои одредено лице може да стане акционер во банка, при што, неосудуваноста е главен критериум за некое лице да стане акционер на банка  или член на орган на управување и надзор во банка. Народната банка добива повеќе овластувања, како на пример, да ја пропишува методологијата за пресметка на адекватноста на капиталот и да пропишува повисока стапка на адекватност на капиталот. Во делот на прекршоците извршено е намалување на висината на казните, избришани се  дел од прекршочните одредби, а воведен е единствен износ на казни.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот