Добивај вести на Viber
За пет градежни парцели за лесна индустрија и трговски објекти Општина Штип денеска објави оглас за отуѓување градежно земјиште.
Лазар Хаџи-Николов, од одделението за урбанизам на општина Штип, вели дека три парцели се наоѓаат во индустриската зона „Север“, а две градежни парцели за трговски објекти во населбата „Баби“.
- Градежните парцели кои се понудени за продажба во индустриската зона „Север“ се со површина од 1.500 до 3.940 м/2, а за истите почетната цена за надавање изнесува 463 денари. За останатите парцели во населба „Баби“ почетната цена е 1.400 денари за м/2, појасни Хаџи-Николов.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 07.12.2012 година на адресата на Општина Штип: ул.”Васил Главинов” 4б, во Штип. Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на 12.12.2012 година.
Во тек е и постапка за аплицирање за девет градежни парцели за изградба на индивидуални куќи во населбата „Баби 6“