29 Март, 2024
0.0247

Што ако целата планета еден ден остане без интернет?

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Aко се случи интернетот да „падне“ на цела планета на само еден ден, последиците би биле далеку поинакви од оние кои си ги замислуваме.

Џеф Хенкок започнал едно многу интересно истражување и тоа во 2008 година. Тој на своите студенти на Стенфорд им дал задача да го исклучат интернетот од своите компјутери и да видат што ќе се случи, а потоа да ги споделат искуствата на следните предавања. Студентите предизвикот го прифатиле со голем ентузијазам и имало голем успех во истражувањето.

„Кога се обидов ова задолжение да го дадам во 2016 година, наидов на бунт од страна на сите присутни студенти. Тие ми рекоа дека тоа не е фер и дека задачата е невозможна“- вели Хенкок.

Студентите одговориле дека ако се спречени да ги користат социјалните мрежи, да не објавуваат фотографии и други објави тоа ќе го уништи нивниот општествен живот. Сметаат дека семејството и пријателите нема да се грижат за нив, затоа што нема да остават „трага“ на социјалните мрежи.

Хенкок тогаш сфатил дека задачата веќе никогаш нема повторно да се исполни и се откажа од истражувањето.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи