Што бараше полицијата во општина Карпош?
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017
Полицијата влезе во Општина Карпош, откако се појави информација во јавноста дека сега веќе поранешниот градоначалник, Стевчо Јакимовски изнесувал документи.
По завршување на претресот направен бил записник. Од МВР засега не даваат никакви информации за овој настан.
Екс градоначалникот на Карпош, Јакимовски одржа прес конференција и соопшти дека тој всушност фрлил сѐ што е непотребно од општината, а полицајците доколку ги сакаат документите, да ги бараат во контејнер.