29 Март, 2024
0.0230

ШТО Е НАЈГОЛЕМА НАВРЕДА ЗА ШВАЈЦАРЦИТЕ: Ако го направите ова, нема да ви го заборават

Објавено во: Стил 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Доаѓањето на време за Швајцарците не е само работа на бонтон, туку е начин на живот.

Припадниците на оваа алпска нација со точноста искажуваат почит кон своите пријатели, познаници и колеги и покажуваат дека им значи нивното време.

Ако со некој се договорите за состаноци во 14 часот, Швајцарецот ќе се појави на договореното место во 14 часот, а не пет минути пред или подоцна.

Многу странци не се запознаени со ова, поради што неретко се случува да ги навредат своите домакини.

Што е причината за ваквото однесување-никој точно не знае. Според поедини наведувања, на точноста на нацијата влијаела географската положба. Се работи за алпска земја чија просечна надморска височина изнесува од 500 до 800 метри, а највисоките врвови надминуваат 4 000 метри.

За да си обезбедат храна, Швајцарците некогаш морале да бидат многу внимателни во поглед на моментот на извршување на земјоделските работи како би уживале во плодовите на бујната жетва.

Точноста има бројни предности, но понекогаш и маани. На пример, такси речиси секогаш доаѓа во договорено време, а сите работници заминуваат на попладневна пауза во 16 часот, па во тој период речиси е невозможно да се најде слободно место во кафе бар.

Но во Швајцарија не се баш сите совршено точни. Неодамнешните студии покажуваат дека возовите на државната швајцарска железница во просек доцнат по три минути, што повеќемина го сметаат за неприфатливо однесување. Посебно кога се земе предвид дека јапонските возови просечно доцнат само 36 секунди.