20 Април, 2024
0.0248

ШТО Е ПОИСПЛАТЛИВО: Светски гигант ги менува работниците за роботи!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Фокскон тајванската компанија која е добавувач на Епл, сака да ги замени речиси сите работници со роботи.

Даи Јиа Пенг, генералниот директор на оддлението на компанијата за автоматизација, вели дека компанијата планира три фази низ кои ќе ги отпушти работниците и наместо нив ќе вработи роботи.

Првата фаза е автоматизација на работни места кои се опасни или вклучуваат работи кои подразбираат често повторување на работата, а се покажало дека луѓето ги избегнуваат.

Другата фаза подразбира подобрување на самите производни линии кои ќе се модернизираат така да не дојде ниту до вишок во бројот на роботи.

Трета и последна фаза опфаќа автоматизација на целата фабрика комплетно „ќе има минимален број на работници кои ќе бидат распоредени така да го надгледуваат производството, логистиката, тестирање, и инспекција на процесот“, наведува шефот.

Роботизацијата во оваа компанија веќе со години е во светските медиуми и не е новост. Меѓутоа, сега соопштуваат дека сакаат да го забрзаат процесот на роботизација во своите фабрики. Веќе со години исто така се и на мета критики поради нехуманите услови за работа.

Компанијата сега произведува околу 10 000 роботи годишно. Сите тие може да ги заменат луѓето на работните места. Претходно оваа година, соопштиле дека 60 000 работници ги замениле со роботи во една од своите фабрики.

На долги стази, тврдат од компанијата, роботите се исплатливи и евтини луѓе. Меѓутоа, почетното вложување може да биде скапо. Потребно е и прилично време како роботите би се програмирале за одреден вид на работа. Поради тоа, на пазџарите како што е Кина на пример, работниците биле поевтини од робот.

Она што би можело да биде проблем за Фокскон во Кина, е што таа земја поттикнува странски инвеститори да вработуваат луѓе. Во неколку кинески провинции, локалните власти дале милијарди на Фикскон, што во бонуси, што во договори за енергетика, инфраструктура, како би овозможиле компанијата да се шири.

Во него работат дури 1,2 милиони луѓе, што го прави еден од најголемиот работодавач во светот. Повеќето од тие работници се токму Кинези.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган