20 Април, 2024
0.0321

Што е всушност земјотресот и како се мери?

Објавено во: Анализа 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во последните неколку денови, и недели се почесто се забележани земјотреси. Најпогодено е Јапонското подрачје. Имуна не останува ниту Австралија според податоците на сеизмолошките центри. 

Месецов се тресеше и Македонија.

Природните непогоди како да си поигруваат со нашата планета и секој пат носат човечки жртви. За жртвите на другите видови на нашата планета немаме ни приближни ниту било какви други извештаи, што и не чуди кога и извештајот за точниот број на човечки животи често варира, бидејќи е многу тешко да се забележи се во хаос и паника на катастрофа.

Друга причина е што некои подрачја целосно исчезнале од картата и никој не преживеал за да може да даде било какви податоци. Како на пример некои острови кои се целосно поплавени и исчезнале за време на неодамнешното цунами во југоисточна Азија.

Така и потресите со катастрофални размери кои ја зафатија Италија и Јапонија, Индија однесоа голем број на жртви.

Иако еден изгубен човечки живот е многу, бројките со жртви создаваат трепет и страв во коски и страв од огромни природни сили кои во последно време направиле толку жртви и пустоши на планетата. Освен тоа никој не може да каже деа тоа е некаква божја волја или божја одмазда, нонсенс. Барем овде знаеме за што се работи. 

Што е земјотрес?

Џон Мишел (John Michell -1724-1793), англиски физичар е прв кој дал добар опис за потресите во 1760-та година: „земјотресите се бранови, во движење поставени со движечки карпести маси“.

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

На сликата погоре се нацртани тектонсите плочи. На картата подолу се обележани познатите земјотреси почнувајќи од 5,0 степени по Рихтерова скала. На проширените поместувања може добро да се види каде плочите меѓусебно граничат.

По целата планета има отприлика 13 000 земјотреси годишно. За среќа не се сите подеднакво со иста сила. Повеќето земјотреси може да се почуствуваат само со многу добро чуствителни сеизмолошки апарати.

Големите земјотреси се јавуваат отприлика околу 16 пати годишно. Многу посилните уште помалку. 

Земјотресите не настануваат само поради поместувањето на карпестата маса. Така може и удар на метеорит да предизвика земјотрес, вулканската ерупција , па дури и експлозија на атомска бобма. 

Вулканите често ќе ги најдеме на линиите на поместување, на места каде земјината кора е многу тенка, така што притисокот таму долу се грижи за распрскување, при што вулканот потиснат со притисок надвор исфрла: гасови, пепел или течна магма.


Францис Бакон (Frances Bacon), научник и картограф во 1620 година, дошол на идеја дека големите континенти некогаш биле заедно. И навистина гледајќи ги континентите изгледаат како парчиња на сложувалка. На фотографијата горе тоа може добро да се види. Долго научниците неговата теорија ја отфрлале, се до пред 40 години. Мислењата кои Бакон одамна ги имал, на геолозите им помогнале.

Земјината кора во средината на Атлантскиот океан пука константно и се отвора, а овие отвори се закрпуваат т.е се полнат со течни карпи (магма) од земјата. На овој начин, често се зголемува дното на океанот, а континентите се оддалечуваат еден од друг. Ова се случува само кај новите океани на Атлантскиот и Индискиот океан. Со ова Индија се поцврсто притиска кон Азија. 

Пред милиони години Индија била еден остров. Со потискувањето на Идија кон Азискиот континент настанал и брдскиот масив Хималаи.

Како се мери интензитетот?

Рихтеровата сеизмичка скала определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантификува количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзиски сеизмограф.

Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 3⁄2, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1.000 пати поголема енергија.

Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар што се користи во пресметката на скалата, силата на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала што се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент место на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амплитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи приспособување за да се компензира за варијациите во растојанието меѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.

Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од кој било сеизмограф во светот.

Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.

Меркалиевата скала на интензитет се користи за мерење на интензитет на земјотрес. Оваа скала ги опишува ефектите од земјотресите на Земјината површина, луѓето, природните објекти и производите на човечкиот труд со скала од 1 до 12.

Меркалиевата скала произлегла од масовно користена скала од десет степени Роси-Форел, која била ревидирана од италијанскиот вулканолог Ѓузепе Меркали во 1883 и 1902. Изразот Меркалиева скала на интензитет или Меркалиева скала не треба да се користи, освен ако не се мисли на оригиналната скала од 10 степени од 1902 година.

Во 1902 година Меркалиевата скала од десет степени била проширена на дванаесет степени од италијанскиот физичар Адолфо Канкани. Таа подоцна била комплетно преработена од геофизичарот Огуст Хејнрих Сиеберг и стана позната како Меркали-Канкани-Сиебергова (МКС) скала.

Оваа скала била уште два пати доплнувана од Хари О. Вуд и Френк Нуман и конечно од Чарлс Рихтер. Денес оваа скала е позната како Модифицирана Меркалиева скала – MMI.

Пониските степени во оваа скала се дефинираат според осетот на луѓето, додека повисоките степени се базирани на забележаните ефекти од земјотрес.

Меркалиевата сеизмичка скала има 12 степени


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!