24 Април, 2024
0.0316

Што е заедничко за нападите во Париз, Брисел и Манчестер?

Објавено во: Свет 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот конгресмен, Мајк Мекол вели дека во нападот во Манчестер Арената користен е експлозив ТАТП, ист како оној употребен во нападите во Париз и Брисел.

Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на американскиот Конгрес додава дека „нивото на софистицираност“ на бомбата укажува дека оној што ја направил имал обука од странство.

„Доказите собрани досега укажуваат дека нападот во Манчестер не е случај на еден осамен напаѓач“ - рече Мекол.

Ист таков експлозив е користен во нападот во Париз во 2015 година и во Брисел во март лани. Двата напади ги извршија терористи од организацијата „Исламската држава“.

Скај њуз, повикувајќи се на извори во германската разузнавачка служба објави дека Салман Абеди, осомничен за самоубиствениот напад бил во Германија, во Диселдорф, четири дена пред нападот.

На фотографиите кои ги објави телевизијата наводно се гледа како напаѓачот купил ранец за кој полицијата верува дека го употребил за да ја скрие бомбата која ја активирал. 

Во нападот за време на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во понеделникот навечер беа убиени 22, а 59 лица беа ранети.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница