28 Март, 2024
0.0262

Што го натера Божиновски да штрајкува со глад во затвор?

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Новинарот Зоран Божиновски во затвор пред една недела почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес. 

За ова денеска информираше  претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Иако од затворската управа го знаеле тоа, не пренеле на неговиот адвокат, ниту на Народниот правобранител.

„Ја повикуваме судијката Сандра Крстиќ веднаш да го укине притворот на колегата Божиновски, а во спротивно неа ќе ја сметаме за одговорна за евентуалните последици што ќе се предизвикаат по здравјето и животот на колегата. Исто така, го повикуваме Народниот правобранител да го посети Божиновски во затвор и навремено да ги предупреди институциите за последиците, ако не постапуваат соодветно на ситуацијата“– вели Селмани.

Според него,  случајот со Божиновски е политички процес на власта за да замолчи еден новинар.

Поддршка за ослободување на Божиновски даде и Рикардо Гутиерес, генерален секретар на Европската федерација на новинари (ЕФН). Вели дека го поддржува ЗНМ во барањето Божиновски веднаш да биде ослободен. Додава дека побарале од Кривичниот суд дозвола да го посетат Божиновски, но одговор не добиле. 

„Овој случај го пријавивме и во платформата за новинари на Советот на Европа. Досега од Македонија на оваа платформа имаме пријавено случаи за осум новинари врз кои било извршувано заплашување или биле уапсени, што е двојно повеќе од Албанија за која имаме пријавено само четири случаи“- рече Гутиерес.

Македонија на 13 март 2016 година ја потпиша декларацијата за заштита на новинарите и затоа прашуваат што направи власта на ова поле. 



Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?