25 Април, 2024
0.0285

Што го разниша рејтингот на Агрокор?

Објавено во: Економија, Балкан 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За влошување на рејтингот пресудна е комбинација од слабиот резултат од лани и високите камати за задолженост. 

За Агрокор групата оваа година почна лошо. 

Агенцијата за оценување на кредитен рејтинг Мудис акциите на компанијата ги турна за ниво подолу. 

Агрокор падна од Б2 на Б3 ниво. При тоа изгледите за периодот до следната ревизија се оценети како стабилни. 

За влошување на рејтингот на Агрокор пресудна е комбинација од слабиот оперативен резултат од лани и високи камати за задолженост на групата. 

Како што истакнува Винсент Гусдорф, аналитичар и потпретседател на Мудис со работењето во првите 9 месеци од 2016 година, малку е веројатно дека Агрокор ќе одговори на задолженоста за Б2 рејтинг. 

Тој оценува дека оваа година и покрај острата конкуренција во Хрватска и Словенија, Агрокор ќе го стабилизира работењето. 

Во домашните деловни кругови оваа вест не се смета за изненадување. 

За многумина ова е сигнал дека оваа година ќе биде голем предизвик за најголемиот приватен работодавец. 

Поради конкуренцијата, малопродажбата, компанијата е изложена на зголемени ликвидни притисоци. 

Во деловните кругови се зборува дека Агрокор е притиснат со рокови за плаќање на доставувачите, а се доцни и со исплата на плати. 

Во септември задолженоста била 25,5  милијарди куни. 

Иако е тоа за 300 милиони куни помалку, сепак е терет за обврските. 

На 24 милијарди куни долгорочен долг во септември лани, доспеваат уште  5 милијарди куни. 

Два месеци пред тоа Агрокор договори со австриската подружница на руската ВТБ банка,  340 милиони евра кредит. 

Други банкарски долгови доспеваат за враќање од 2018 до 2021 година. 

Аналитичарите сметаат дека Агрокор во следните квартали ќе се стабилизира и ќе го подобри работењето. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди