18 Април, 2024
0.0264

Што им пиша Заев на амбасадорите гаранти на Пржинскиот договор?

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев испрати писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино во кое предупреди на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се во насока на уривање на изборниот процес и натамошно усложнување на политичкиот кризен амбиент во Македонија. 

Заев укажал на  две работи и тоа дека натамошната политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на Законот за СЈО, може да предизвика темелна деструкција на политичкиот процес и очекувањата за демократска разврска на постојните политички конфротации. Дека натамошната политичка злоупотреба на судството, до ниво на целосна суспензија на владеењето на правото и правната држава, во голема мера ќе го детерминира политичкиот амбиент во пресрет на декемвриските избори и правото на граганите да бидат дел од изборниот процес. 

„Исто така, наведено е однесувањето на неодговорното политичко мнозинство кое во пресрет на одлуката за распуштањето на Собранието на РМ на 12 октомври 2016 година – агресивно го наметнува предлогот за усвојување на Буџетот на државата за 2017 година уште сега, кон крајот на септември 2016 година. Тоа не само што е единствен случај во 25 годишната парламентарна практика, туку преставува и потврда за една неодговорна политика и непочитување на виталните интереси на државата и нејзините граѓани. Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза и градење на демократски амбиент во држвата“ - пишува во писмото на Заев до амбасадорите.

СДСМ и политичките партии од опозицијата, како и во изминатиот период, така и денес, во преден план ги задржува токму ваквите интереси на граѓаните и држата, велат од СДСМ. 


Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан