19 Април, 2024
0.0268

Што им порача Хан на Косово и Србија?

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот комесар за проширување на ЕУ, Јоханес Хан денеска ги повика Србија и Косово да не го загрозуваат она што го постигнале благодарение на меѓусебниот дијалог. 

Хан на прашањето дали со изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово доколку се загрозени животите на Србите, Белград всушност „гледа назад“, тој потенцирал дека „сите оние кои гледаат назад, не гледаат напред“.

Тој пред состанокот на министрите за надворешни работи од ЕУ во Брисел посочи и дека двете земји треба да гледаат напред, а не назад. На дневен ред на состанокот се прашањата за Сирија, Либан и мировниот блискоисточен процес.

Последниве два дена се заострија односите меѓу двете земји, кога Србија се обиде да испрати воз за Косовска Митровица по цели 18 години. Но, подоцна од безбедносни причини тој запре во Рашка. 

На возот на повеќе јазици пишуваше „Косово е Србија“, а и имаше фрески. 

Веднаш потоа српскиот премиер, Александар Вучиќ изјави дека тоа го направиле од безбедносни причини за да не дојде до судири. 

Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека во иднина Србите ќе одат на Косово, но како туристи. 

Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека „целите на Србија денеска се идентични со оние на Слободан Милошевиќ во 90-тите години“.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот