Што им порача Вучиќ на Србите на Косово?
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ при посетата во северно Косово изјави дека носи три пораки за локалното српско население.
„Србите треба да опстанат и останат во своите домови, а српската држава им помагала и ќе продолжи да им помага и во иднина“- изјави Вучиќ.
Тој додаде дека е дојден за да разговара за безбедноста на Србите и да види кои органи ја гарантираат истата.
На Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи сѐ да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата.
Вучиќ рече дека Белград и Приштина ќе разменат информации за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивновиќ.
Тој за време на неговата прва дестинација од патувањето – манастирот „Бањска“ истакна дека Белград ќе одвои 250 милиони динари со цел обнова на овој објект.
Зборувајќи за вложувањата на српската Влада во обнова на Косово, Вучиќ истакна дека дека досега е направено многу и дека Владата учествувала во 170 проекти, 42 цркви и манастири.На Србите на Косово им се заблагодари на цврстината, постојаноста, храброста и желбата да ја чуваат својата земја, својата Србија, но и своите семејства.