16 Април, 2024
0.0259

Што им предложи Румен Радев на македонските бизнисмени?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Бизнисот во Бугарија и Република Македонија треба да има јасно дефинирана заедничка визија и стратегија за да расте стоковата размена и благосостојбата на граѓаните од двете страни на границата. 

Ова го изјави шефот на Бугарија Румен Радев на средба со претставници на стопански комори од Република Бугарија и Република Македонија во Скопје,

Радев беше во дводневна официјална посета на Република Македонија на покана на својот колега Ѓорге Иванов. 

Во рамките на посетата на Румен Радев беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и бугарско-македонската стопанска комора. 

Претставниците на бизнис организациите го придружува бугарскиот шеф, и се согласија со македонските колеги за потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за промоција на мали и средни претпријатија и Инвест Македонија. 

„Многу ми е драго што веќе имаме политичка доверба на највисоко ниво. Тоа е предуслов за идните успеси на нашите претприемачи“, рече претседателот на Бугарија за време на форумот. 

Како непроменливи предуслови за економски раст и раст на странските инвестиции на Бугарија и Република Македонија, претседателот Радев ги утврди безбедноста во внатрешен и надворешен план, добрососедските односи во регионот и волјата за инвестирање на напор во високата технологија и иновации. „Многу е важно да ја развиваме нашата соработка во долгорочни и ветувачки продукции. Отвореноста кон странските инвестиции и приливот на повеќе нови претпријатија на пазарот помагаат и за создавање на подобар модел на функционирање на целото општество“, изјави тој и додаде дека чесниот бизнис ќе напредува со воведување на нови стандарди за построга борба против корупцијата.

 На средбата со бизнис сектроот Румен Радев ја изрази и подготвеноста на Бугарија да размени своите искуства во искористувањето на европските фондови со Скопје и увери дека Бугарија ќе ги поддржува проектите за инфраструктурна, дигитална и транспортна конекција со која ќе се олесни економската активност од двете страни на границата.

Можеби ќе ве интересира

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради