25 Април, 2024
0.0261

Што извезува Македонија? Субвенцинираните странски инвестиции не го запреа трговскиот дефицит

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Клучна ставка е производи на преработувачка индустрија. Увозот во оваа ставка пораснал за 419 милиони евра во однос на 2015 година и стигнал до 5,74 милијарди. Наспроти него извозот пораснал за 259 милиони евра (пред се заради странските субвенционирани инвестиции) заради кои веројатно пораснал и увозот. Резултат нема...

Кусокот во трговската размена со странство во 2016 година (популарно наречен трговски дефицит) се зголеми за 52 милиони евра во однос на 2015 година и достигна 1,777 милијарди евра и покрај интензивните кампањи за привлекување странски инвестиции кои се во фокусот на власта во последниве десетина година.
Македонскиот трговски дефицит во континуитет расте и за него досега нема лек во ниту една политика. Не помогнаа ниту скапите и субвенционирани странски инвестиции.

Што всушност во 2016 година извезуваше македонското стопанство?

Има три главни ставки кои го креираат македонскиот извоз. Најмалата ставка е извозот на руди и камен односно минерали. Драматични кај оваа македонска индустрија се два факти кои произлегуваат од податоците на државниот Завод за статистика. Прво е тоа што девизите од извозот на руди и вадење камен лани биле на ниво од 124 милиони евра и тоа е за 11,5 милиони евра помалку од 2015 година. Дополнително за влошената состојба во оваа македонска индустрија говорат и податоците за пад на увозот во таа индустрија и тоа за 43 отсто на 87,4 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека веројатно заради падот на цените на овие ресурси на светско ниво има намалување на производството, но во исто време има и пад на деловните активности во таа индустрија и намалување на економската активност затоа што е намален и увозот на суровини за потребите на таа индустрија. 
Втора по големина ставка е извозот на земјоделски производи од која се инкасирани 229,6 милиони евра и тоа е за 14,5 отсто повеќе од 2015 година. И кај оваа ставка има суфицит во однос на увозот и тоа за 87,4 милиони евра. Сепак во споредба со лани увозот пораснал за 6,1 отсто. Очигледно е дека кај оваа стопанска гранка актуелните политики имале позитивно влијание, без разлика дали тоа имало директно или индиректно влијание. 
Најголемата и најболната ставка која е генератор на македонскиот дефицит е производството на преработувачката индустрија. Лани таа продуцирала извоз од 3,92 милијарди евра и во споредба со 2015 година бележи зголемување за 7,1 отсто. Во оваа ставка во значајна мерка влегува и продукцијата на странските инвестиции во земјава за чие привлекување македонските буџетски корисници директно или индиректно издвојуваат значајни буџетски средства, а така ќе биде и во иднина. Со сите тие инвестиции и со зголемената продукција дефицитот не се намалува и барем не во значајна мерка. Податоците за 2016 година покажуваат дека увозот на стоки од преработувачката индустрија достигна 5,74 милијарди евра, а тоа е за 7,9 отсто повеќе од лани. Клучната разлика ја прави споредбата на вредностите преку кои се зголемува извозот и увозот на стоки од преработувачката индустрија. Извозот пораснал за 259 милиони евра во однос на лани,  а увозот за 419 милиони евра. Овој податок е поразителен и покажува дека политиките што се применуваат не даваат резултати и треба да се менуваат. Вкупниот дефицит кај оваа ставка е 1,82 милијарди евра и е генератор на целиот трговски дефицит.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?