29 Март, 2024
0.0434

Што ја „изеде“ добивката на Витаминка за шест месеци?

Објавено во: Економија 07 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Витаминка од Прилеп годинава, барем гледано според финансискиот извештај за првите шест месеци, бележи позитивни резултати, но со речиси двојно помала добивка во однос на истиот период лани. Во продолжение анализираме на што најмногу се должи тој резулат бидејќи остварените приходи се речиси идентични како и лани, додека пак расходите, без оглед на оперативниот или финансискиот дел, не се драстично скокнати. 

Витаминка за периодот јаниари-јуни 2017 година има остварено 1,3 милиони евра вкупни приходи од продажба скоро исто како лани, но за нијанса помалку што се должи пред се на пад на продажбата на домашниот пазар каде од 7,4 милиони евра приходи лани во истиот период од годинава се намалени за 65 илјади евра. Продажбата на Витаминка на странскиот пазар од друга страна пак, е подобрена за околу 300 илјади евра во однос 2016 кога за првото полугодие вкупно изнесувала 5,8 милиони евра.

Расходите во оператива на Витаминка АД Прилеп во првото полугодие од 2017 изнесуваат вкупно 13 милиони евра или за околу 155 илјади евра повеќе во однос на периодот јануари-јуни лани. Секако, минималните разлики во приходите и во расходите на Витамнка годинава не ја одразуваат целосната слика за двојно намалената добивка во однос на ланскиот период. Витаминка полугодието го заврши со добивка од нешто над 250 илјади евра, додека пак лани за шест месеци профитот изнесувал 533 илјади евра.

- П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – јуни 2017 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 15,554 илјади денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат за истиот период минатата година во износ од 32,823 илјади денари. Најголемо влијание на намалување на позитивниот финаниски резулатат има негативното салдо на залихите на почеткот и крајот на периодот, зголемената амортизација на матерјални средства и благиот пад на вкупните оперативни приходи од основна дејност, се вели во образложението на финансискиот извештај кој Витаминка го објави на Македонска берза.

Треба да се потенцира дека бројот на вработени кај Витаминка во просек е задржан на истото ниво, кредитните обврски се зголемени за 14% и стигнале 3,7 милиони евра, а донесена е одлука да нема пресметка на дивиденда за 2016 година бидејќи потребни се средства за реализирање на планираните инвестиции.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие