Добивај вести на Viber
Мајк Зафировски е познат светски бизнисмен, роден во Скопје во 1954 та година. Високото образование го стекна на универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија каде и докторирал. Кариерата ја започнал во американската компанија „Џенерал Електрик“. Извршувал високи менаџерски функции во повеќе големи светски компании како „Боинг“, „Моторола“, „Нортел“, а едно време беше советник на американскиот претседател Џорџ Буп за безбедност во телекомуникациите и технологијата. “Сега е висок советник во „Блекстоун Груп“.
Зафировски заедно со повеќе други бизнисмени од дијаспората е носител на проектот „Македонија 2025“ кој има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Макеоднија. Целта на оваа мисија е Македонија во 2025 та година да бие многу блиску со својот БДП до развиените земји во Европа. Организацијата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, а својата канцеларија во Скопје е отворена во 2011 година.