25 Април, 2024
0.0294

Што ќе се случи со производството и пласманот на ајварката и јабучарот?

Објавено во: Агробизнис 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

За производството и пласманот на ајварката и на домашните сорти домати во странство нема ограничувања.

Европската унија донесе правилници за трговија и производство на традиционалните земјоделски култури, но само за оние кои потекнуваат од нејзините земји членки, а не и за македонските.

Унија донесе директиви за трговијата и производството на европските традиционални сорти кои ќе се продаваат само на нивните локални пазари. Овие прописи не важат за македонските земјоделци и нивната примена не го загрозува нашето производството и пласманот.

Домашната ајварка и јабучарот се култури кои локалното население со генерации ги произведува на мали површини.

Поради нивниот скромен род и не можноста да издржат долг транспорт не се продаваат во странство туку на локалните пазари во Македонија или како суровина за преработувачката индустрија. Нивниот пласман не е загрозен затоа што доматите и пиперките што Македонија ги извезува се произведуваат само од европски сертифицирани семења, а ајварката и јабучарот се од македонски афтохтон семенски материјал.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади