29 Март, 2024
0.0308

Што ќе добие „Бајер“ од зделката за „Монсанто“?

Објавено во: Економија, Агробизнис, Анализа 16 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Најпосле упорноста вроди со плод- тоа е профитабилен потег како за акционерите на американскиот агрохемиски концерн „Monsanto“, така и за стратезите околу претседателот на бордот на директори на „Bayer“ Вернер Бауман.

Тој го спроведува најголемото купување, некогаш од германски концерн во странство. Со тоа „Bayer“ стекнува нов изглед. Концернот ќе стане независен од фармацевтскиот бизнис, а и влегува во секторот на агрохимијата, при тоа - во многу профитабилен момент, бидејќи цените таму сега се многу ниски. Германскиот концерн се надева на идното зголемување на цените и очекува предности од спојувањето. На пример тогаш кога ќе дојде следниот бран на консолидација, која неминовно ќе следи во фармацевтскиот бизнис.

На акционерите на „Monsanto“ долготрајните преговори исто така им донесоа придобивки, бидејќи доведоа до пораст на цената за продажба на концернот со скоро пет проценти, што е солидна сума.

Акционерите на „Bayer“ сепак би требало да се замислат и над тоа зошто противниците на договорот покажаа таква упорност. Не е тајна дека „Bayer“ купува фирма со крајно лош имиџ. „Monsanto“ е гигант во производството на семиња, пестициди и хербициди. Тоа, сепак, е и фирма која ги „врзала“ за себе земјоделците со неповолни договори и патентира секој свој научен успех.

А тоа што постапките на „Bayer“ сега се врзуваат со растителната заштита и семето на „Monsanto“ во еден заеднички пакет, се однесува на земјоделското производство, буди страв кај многумина. Досега менаџерите на „Bayer“ го потценуваа овој аспект. Затоа антимонополните служби би требало да го подложат на проверка спојувањето на двата концерни. Тие треба да пристапат строго и без никакви емоции кон овој и секој друг пазар, на кој би можеле да произлезат монополски позиции. Ова се однесува и за други спојувања во истиот индустрија - на пример меѓу „Dupont“и „Dow Chemical“ и меѓу „Syngenta„ и „Chem China“.

Дури и самиот факт дека овие спојувања се вршат во исто време, е малку вознемирувачки. Од нив сепак не треба да се појави некој нов агрохемиски пазар кој предизвикува страв. Потребно е во услови на сурова конкурентна борба која дава шанси и на новите компании, да се решат проблемите на исхраната на човештвото. Има простор за сомнеж дека патот по кој се прават спојувања на концерни, е најверниот. За иновацијата не е потребна гигантоманија.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи