25 Април, 2024
0.0285

Што ќе купи „Витаминка“ во Штип за 7,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепска „Витаминка“ со цел интегрирање на производството и развој на нова група производи планира во Штип да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во  права од индустриска сопственост

Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ планира да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, подвижни ствари и за пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и иднустриски дизајн). Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри. Локацијата на која се наоѓа недвижниот имот и стварите се имотни листови во катастарската општина Штип 1. Според неофицијални информации станува збор за имот во понанешниот текстилен гигант „Македонка“. Целиот овој недвижен имот, движните ствари и правата од индустриска сопственост сега се во во сопственост на „Комерцијална банка“ која ги добила како обезбедување на невратен заем. 

На претстојното акционерско собрание на „Витаминка“ закажано за 14 март на дневен ред ќе бидат ставени две предлог одлуки. Во едната од нив е содржан начинот на финансирање на предлогот за купување на имотот во Штип. Тоа ќе се реализира преку одобрување на долгорочен заем од „Комерцијална банка“ во вредност од 5,3 милиони евра и задолжување со рамковен револвинг кредит во НЛБ Банка на износ од 3 милиони евра наменет за тековно финансирање на друштвото. Токму за тоа се и двете предлог одлуки: едната е за одобрување на одлуката на органот на управување за одобрување на голема зделка и другата е за одобрување на голема зделка.

Во образложението на Одборот на директори кој се дава до акционерското Собрание пред одобрување на оваа зделка пишува (цитираме): На основа на утврдената деловна политика и политиката за среднорочен и долгорочен развој на П.И.„Витаминка“ АД Прилеп, се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во Друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи. Оваа зделка се оправдува со зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Р Македонија и е во насока на зголемување на вкупниот приход на Друштвото. 

Со оглед на тоа дека тројца членови на семејството Наумоски контролира 42,5 отсто од акциите со право на глас во „Витаминка“ може да се очекува дека е речиси извесен позитивниот исход по предлозите на претстојното гласање закажано за 14 март годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди