Што ќе разговараат Ципрас и Трамп за Македонија?
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2017
Идниот месец грчкиот премиер Алексис Ципрас во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, пишуваат грчките медиуми.
Во наредните неколку денови се очекува оваа информација да ја потврди и Белата куќа, откако ќе се прецизира точниот датум.
Ципрас „ќе бара да се намали притисокот за решавање на прашањето за името на Скопје, без македонските власти да го напуштат иредентизмот“, јавуваат грчките онлјан изданија.
Според „Реалњуз.гр“, грчката Влада сака да добие поддршка од Трамп за „отворените прашања во регионот“, како што се кипарското прашање и тензиите во Егејското море.