Што ќе решаваат Димитриев и премиери од регионот со Меркел на самитот во Виена?
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2016
Денеска во Виена на иницијатива на австрискиот канцелар Кристијан Керн се одржува самит за бегалската криза на девет премиери . Дел од самитот се девет премиери на земјите од така наречената балканска рута.
Европската комисија, како што е најавено во Виена, ќе ја претставува комесарот за миграција Димитрис Аврамополус.
Исто така се очекува дека на собирот ќе допатува и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.
„Посебно во врса со заштитата на надворшените граници и помош на лице место мораме брзо да напредуваме“, изјавил Керн.
Се очекува на Самитот да бидат изнесени различни ставови, но неопходно е сите погодени долж балканската рута да се донесат на една маса и да разговараат за прашањата со бегалците.
На самитот ќе биде присутна и германската канцеларка Ангела Меркел, додека од регионот покрај нашиот премиер Емил Димитрив се очекува да дојдат и премиерот на Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Словенија,Грција и Унгарија.