ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА: Тензиите во Шпанија ги загрижија инвеститорите
Објавено во: Финансии 02 Октомври, 2017
Тензиите во Каталонија ќе ги „избркаат“ инвеститорите, а Мадрид можеби нема да може да ја контролира ситуацијата.
Аналитичарите велат дека ако досега никој не размислувал за политичката нестабилност во Шпанија, сега таа ситуација ќе се смени.
Најавата за отцепување на најбогатиот шпански регион досега не ги загрижуваше инвеститорите.
„Парите не сакаат несигурност. Во еден момент инвеститорите ќе сфатат дека оваа ситуација може да има долгорочни последици“ - вели Ангел Талавера, аналитичар за Блумберг.
Шпанската економија расте веќе 16 тримесечја, а оваа година се очекува раст на БДП од 3.1%.