25 Април, 2024
0.1844

Што ќе значи потпишаниот Меморандум за стечајот на ФЕНИ

Објавено во: Економија 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Откако трите банки доверители на ФЕНИ потпишаа Меморандум со еден од заинтересираните инвеститори за покажување на намера за преземање на комбинатот банките со допис објаснуваат дека ова не е замена на стечајната постапка. Токму можноста за директен договор на банките со новиот инвеститор, а со тоа и сопственик на ФЕНИ покрена повеќе прашања во јавноста.

„По периодот во кој беше побарано од потенцијалните инвеститори за Фени Индустри да достават свои понуди во вид на Меморандум, известуваме дека во овој момент Банките разговараат со потенцијални инвеститори, а со еден од нив се потпиша Меморандум за разбирање. Мегутоа, финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сосптвеник на ФЕНИ ќе се носи во рамките на стечајната постапка, согласно законските одредби“ соопштуваат банките доверители.

Во тек е процесот на пријавување на побарувања од ФЕНИ и по завршувањето на законскиот рок судот повторно ќе одржи рочиште. Во меѓувреме банките доверители посочуваат дека во интерес на брзо решавање на состојбата со ФЕНИ се преземаат соодветни чекори кои ќе гарантираат дека новиот инвеститор ќе биде соодветен и ќе одговара на потребите на сите доверители. 

„Обезбедените кредитори и останатите доверители заеднички треба да проценат кој план за реорганизација е најдобар за нив и за иднината на комбинатот. Нагласуваме дека интенцијата на потпишување на Меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори“ велат банките.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди