25 Април, 2024
0.0305

ШТО МИСЛИТЕ: Дали Меркел ќе го поттурне решението за спорот со името?

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека за првпат по подолг временски период кај Maкедонија и Грција  гледа пристап кој води кон решение на три деценискиот спор.

На заедничката прес - конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев во Берлин, Меркел вчера изјави дека земјите треба да бидат внимателни затоа што компромисите секогаш се болни, но за деталите се разговара зад затворени врати,  а не на прес- конференции.

„Проблемот меѓу земјите треба да биде решен, но сметам дека притисок во преговорите во овој момент не е многу од корист. Очигледно е дека за првпат по подолго време двете страни имаат пристап да се дојде до решение. Јавните изјави некогаш може да бидат поштетни за процесот. Верувам дека двете страни во желбата да се најде решение ќе бидат претпазливи, бидејќи компромисите секогаш се болни“- рече канцеларката.

Заев прашан за руското влијание на Балканот  вели дека треба да се градат пријателски односи со Русија, меѓутоа стратешка определба на Македонија е дека нејзиното место е во евро- атлантските структури.

„Јас се надевам дека нема да имаме незгодни ситуации во Република Македонија иако не можам да исклучам било какви заштити на било какви интереси во целиот овој регион. Целиот регион нема алтернатива освен полноправно членство во Европската унија и НАТО, а веројатно некогаш тоа и не се допаѓа некому“- вели Заев.

Тој смета дека 2018 ќе биде историска година за Македонија. 

Освен со Меркел, Заев се сретна и со германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер.

Заев и Штајнмаер го оценија како исклучително позитивен и динамичен досегашниот развој на односите меѓу Р. Македонија и С.Р. Германија, и заеднички се согласија дека овие релации ќе продолжат и понатаму, и дека се од особено значење за претстојниот клучен период за Република Македонија.

Во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи, длабокото партнерство меѓу двете земји е наградено со фактот што СР Германија е најважниот трговски партнер на Република Македонија, со вредност на трговската размена во висина од преку 3 милијарди евра.

Плодната соработка со С.Р. Германија на ја потврдуваат и преку 200 компании што имаат воспоставено бизнис релации со македонските компании, додека компаниите што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

Ако спорoт меѓу Грција и Македонија за името не биде решен пред следниот самит на ЕУ за Западен Балкан во мај, тоа ќе доведе до двоен пораз: амбициите на Македонија ќе бидат скршени и напорите на Брисел да го заземе регионот ќе се распаднат, пишува Гардијан во анализа за спорот за името. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот