Што мислите за работа без работно време?
Објавено во: Економија 14 Март, 2017
Многу компании во последно време го прилагодуваат работното време така што им овозможуваат на граѓаните „да дишат“.
Медс Блукер инсталирал сервери во голема компанија и се зачудил колку млади луѓе остануваат до доцна на работа.
Медс сфатил дека на тој начин не сака да работи. Тој сега има фирма со седиште во Копенхаген и неговите вработени работат по 6 часа, а се платени како да работат од 9 до 17 часот.
Овој човек вели дека скратувањето на работното време помага луѓето да се фокусираат на важни работи.
Работниот ден започнува со состанок на кој се договараат обврските, а откако ќе ги завршат вработените си заминуваат среќни дома.
Работен ден од 6 часа е сон на многу работници. Истражување направено скоро во Германија покажува дека работниците страдаат од стрес, главоболка, несоница, депресија затоа што работат многу.
Концептот со 6 часа работно време почнуваат да го применуваат се повеќе компании во Шведска.