19 Април, 2024
0.0253

Што може да предизвика одлуката за независноста на Каталонија?

Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Самиот факт дека Карлес Пучдемон може да објави денеска еднострана независност на Каталонија, без државата да може да го запре, е знак за слабиот и досега стерилен одговор на Владата на Мариано Рахој, пишува во уредувачката статија шпанскиот весник Mundo, цитиран од агенциите.

Секоја декларација за независност ќе претставува недозволиво прекршување на уставната рамка која ќе го обврзе кабинетот на Рахој да ги скрати половичните мерки и да ги наметне потребните правни мерки - укинување на автономијата на Каталонија со цел враќање на правниот поредок, дополнува шпанското десноцентристичко издание.

Пучдемон не изјавил категорично дали еднострано ќе прогласи независност, или ќе го претпочита словенечкиот начин, односно да прогласат независност, туку да го одложат спроведувањето на својата одлука во доволно време за да преживеат и повторно да ја зајакнат. Во секој случај, ако објави нешто различно од отфрлање на отцепништвото, тоа ќе се толкува како посегање против националниот суверенитет.

Затоа, недостатокот на реакција на премиерот во Мадрид е неразбирлив. Не е доволно да се додели на судовите задача да се справат со предизвикот на суверенитетот. Вицепремиерот Сорана Саенс де Сантамарија рече дека член 155 од Уставот ќе биде спроведен, ако има консензус, но социјалистите, по долго колебање, небаре конечно застануваат на страната на владата. Но дури Педро Санчез да се откаже, владата треба да го примени, повикува уредничкиот одбор на Mundo во статијата со наслов "Шпанија уште чека одговор од страна на Рахој".

"Кажавме и ќе го повториме - едностраните одлуки не се успешни. Уште помалку во поделено и поларизирано општество во лицето на хоризонтот кој не може да исклучува испади на насилство и конфликт по повиците за мобилизација и отпор, вели еден уредник од каталонскиот весник Ла Vanguardia.

Ако Пучдемон прогласи независност, без разлика дали декларацијата ќе биде со непосредна или одложена акција, најверојатно државата ќе одговори со примената на член 155 и ќе потрае конкретната самоуправа на Каталонија. Во таков случај е многу веројатно регионот да влезе во фаза на јавни немири и превирања со потенцијален уништувачки ефект. Но ако Пучдемон се откаже од прогласувањето на независност и претпочита дијалогот и положувањето на нова основа во односите со државата, тогаш се уште можеме да постигнеме решавање на конфликтот преку договор. Тоа е единствената опција која ни изгледа прифатлив, пишува во статијата на La Vanguardia, насловена како "Часот на вистината".

Важно е да се им каже сосема јасно на отцепниците какви ќе бидат последиците од еднострано прогласување независност, не само за да не можат да тврдат дека не знаеле кога тие се материјализираат, но и да служат како доказ пред граѓаните - и пред светот - за целосниот јавашлак на оние кои свесно се фрлија во бездната, читаме во уредувачката статија на левоцентристички Pais, насловена "Пред јазот".

На прво место, тоа ќе доведе до директен и неизбежен конфликт со државата, која нема да се двоуми да го користи целиот арсенал на мерки предвидени во Уставот и Кривичниот законик. На второ место, последиците ќе бидат големи и за жал неповратни во однос на поделбата на општеството. Трето, економските штети, кои се веќе видливи поради бегството на економските компании, ќе се продлабочат уште повеќе и ќе доведат до несигурност за фирмите, инвеститорите, луѓето со заштеди и сите економски агенти, дополнува Pais.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените