20 Април, 2024
0.0280

Што му предложија граѓаните на Шилегов за справување со загадувањето?

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла. Итно да се почне со гасификација на градот, да се забрани палењето огнови на отворено, а на улиците да се постават светилки што апсорбираат СО2. Ова беа само дел од решенијата што ги предложија граѓаните на денешната средба со градоначалникот Петре Шилегов, за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

Граѓаните кои во голем број дојдоа на оваа средба и ги понудија своите одржливи идеи, сознанија и искуства за надминување на проблемот со аерозагадувањето своите предлози до Градот Скопје ќе ги достават и писмено.

-  Им благодарам на сите граѓани кои денеска во голем број дојдоа да ги споделат своите идеи, зашто сите сме дел од овој проблем и сите треба да бидеме дел од решението. Целта на оваа средба е да се обидеме да ја канализираме општата загриженост кај сите нас за проблемот со загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина. Ќе ги разгледаме сите идеи што денеска ќе ги слушнеме и ќе ги утврдиме можностите тие да се спроведат на дело. Јас, како градоначалник на Градот Скопје веќе иницирав засилени инспекции на депонијата „Дрисла“, побарав да се изработи нов концепт за јавниот градски превоз што би ја вклучил и постојната железничка мрежа, а во градскиот буџет е планирано и субвенционирање од100 милиони денари на ЈСП при набавка на зглобни електрични автобуси. За наредната година граѓаните ќе добијат 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување и обука за оџачари. Ова се само дел од мерките што ги предлагаме, работиме на многу други среднорочни и долгорочни мерки за борба против загадувањето. Во Буџетот на Град Скопје за 2018 година ќе се издвојат 141 милион денари за заштита на животната средина, што е трипати повеќе од лани – рече градоначалникот Петре Шилегов, на средбата со граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите