20 Април, 2024
0.1601

Што најмногу го исцицува државниот буџет?

Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За пензии, плати и придонеси на администрацијата од буџет годинава ќе се потрошат вкупно 78,5 милијарди денари односно 1,27 милијарди евра. Тоа е речиси 40 отсто од сите буџетски расходи (со вклучен дефицит). Заедно со плаќањата за здравствена заштита буџетот издвојува за овие три ставки повеќе од половина од сите буџетски плаќања кои изнесуваат 3,29 милијарди евра

Една четвртина од сите плаќања годинава од државниот буџет се наменети за пензии, ова е официјален податок што може да се најде во „Граѓанскиот буџет“, популарна публикација објавена на интернет страницата на Министерството за финансии.

За најголемата расходна ставка - за пензии од државниот буџет годинава вкупно ќе бидат исплатени 51,9 милијарди денари (повеќе од 841 милиони евра) и тоа е 25,5 отсто од сите расходи на буџетот за оваа година. Вкупните расходи на буџетот, според публикацијата се 203,3 милијарди денари односно 3,295 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е 18,6 милијарди денари односно 301 милиони евра, а буџетските приходи се проектирани на 184,7 милијарди денари односно 2,99 милијарди евра.

Втората најголема расходна ставка здравствената заштита ќе чини 27 милијарди денари што е еквивалент на околу 450 милиони евра. Тоа е 13,3 отсто од сите буџетски расходи. Дали граѓаните се задоволни од здравствените услуги? Тоа е многу „жешка“ тема...

Трета најголема расходна ставка се платите на државната и на јавната администрација кои се финансираат од државниот буџет. За нив се наменети 26,6 милијарди денари односно околу 450 милиони евра. Тоа е 13,1 отсто од сите буџетски расходи годинава.

Директно за македонската економија се дел од расходите во четвртата по големина расходна ставка, а тоа се набавките на стоки и услуги. За таа намена годинава се трошат 17,6 милијарди денари и тоа е 8,6 отсто од сите расходи. Оваа ставка е директно влијание од буџетот за домашниот бруто домашен производ, но само дел од пратие одат во домашните фирми и тоа оние за услуги. Значаен дел од стоките се со увозна компонента, а има и услуги со такво потекло. За жал, нема официјален податок колкав е стимулот за домашната економија од ставката стоки и услуги.

Петтата по големина ставка се трансферите за единиците од локалната самоуправа и таа носи 8 отсто од буџетските расходи односно 17 милијарди денари.

Следуваат субвенциите и трансферите со 15,5 милијарди денари, а социјалните трансфери носат 9,8 милијарди денари. За камати се 8,2 милијарди денари, а за транзициски трошоци за вториот пензиски фонд се 6 милијарди денари односно 100 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин