Што очекува Бугарија годинава од зимскиот туризам?
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2016
Бугарија очекува 5-6% раст на туризмот во зимската сезона.
Поголем ќе биде растот на гостите од Балканот и Русија. Земјата имала раст на бројот на реализираните туристички ноќевања и ланската зимска сезона, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Бугарија е во топ 6 земјите од ЕУ по растот на туристичките ноќевања.
Бугарите сметаат дека растот во голема мера се должи на геополитичката ситуација, а не на напорите за рекламирање на земјата како дестинација за зимски одмор.
Растот на ноќевањата во претходната сезона беше 9% во споредба со зима 2014/2015 година, и тогаш бројот на ноќевања достигна близу 4,2 милиони.
Уделот на странските туристи во зимските комплекси е околу 38%, и тие реализирале 1,6 милиони од сите ноќевања.